Семинар за „Младите и балканските и европски предизвици“

Студенти од Балканот и цела Европа се дел од семинарот насловен „Младите лидери, подготвени да се соочат со балканските и европските предизвици“ кој се одржува во Скопје и во Охрид. Целта на средбата е да се развие дискусија меѓу студентите за визиите за европскиот проект, ќе дебатираат за политиката на проширување и ќе дадат конкретни идеи за надминување на пречките кои им стојат на патот на земјите од Западен Балкан во процесот на eвроинтеграцијата.

млади

Покрај студенти, на семинарот учествиваат и европски и балкански политички лидери, експерти за регионот, истражувачи и професори.

Програмата која денеска се одржува во Скопје е посветена на младите како двигатели на прогресот и на нивното оформување во „лидери на утрешнината”. Во Охрид пак главен фокус е ставен на запознавање на европската јавност со проблематиките на еден политички многу комплексен регион, како и на дебатирање за истите прашања низ европска призма, со цел приближувањето на земјите од Западен Балкан со Унијата.

Семинарот е во организација на француската Асоцијација Бургундија Балкан Експрес во партнерство со Младинскиот образовен комитет на Србија, поддржани од Парискиот институт за политички науки „Sciences Po“, градот Дижон, Амбасадата на Франција во Република Македонија и Европскиот фонд за Балканот.