Семинар за демократија и човекови права во Кинотека

Во недела (28 декември) во Кинотека на Македонија, со почеток од 17 часот ќе се одржи семинар на тема демократија и човекови права. На семинарот ќе присуствуваат холaндскиот професор по социјална и политичка филозофија од универзитетот „Радбуд“ во Нијмеген, Евер ван дер Ѕверде и бразилската професорка Џанкарла Брунето од Катедрата за етика и образование за човекови права на државниот Универзитет „Рио Гранде до Сул“ и „Меркосул“.

Претходно, во сабота (27 декември) во Кинотека, со почеток од 16 часот ќе се прикаже филмот „Пред дождот“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски по што ќе следува отворена дискусија на која присутните ќе можат да разговараат со професорите за иднината на демократијата и човековите права.