Семејство одбива да ја продаде својата фарма на Гугл и покрај милионската понуда

Семејство од областа Беј во Калифорнија одлучи да ја задржи својата стара фарма во срцето на се поголемиот кампус на Гугл, и покрај тоа што им биле понудени пет до седум милиони долари од технолошкиот гигант, за минијатурно парче земја.

Земјиштето е од сите страни опколено со згради кои се дел од кампусот на Гугл во Маунтин Вју, кој се протега на повеќе од 25 ари.

Фармата, со површина помала од ар, има смоква, мандарина, авокадо и „древни“ лути пиперчиња. Најголем дел од нив биле засадени и одгледувани од починатиот татко на семејството, Виктор Молинари, кој починал пред пет години.

Неговото семејство не е заинтересирано да го продаде земјиштето.

„Моментално живееме добро. Не ни требаат парите. Сега, не се продава“, вели Леонард Мартинели, 49. Неговата сестра, Сандра Мартинели Билје, 43, додава: „Ако ја зачуваме оваа земја, ја чуваме нашата историја“.

Според Мајрон вон Раесфелд, експерт за недвижнини, вредноста на земјиштето сеаг вреди 5-7 милиони долари.

„Имам причина да верувам дека тие пари им биле понудени од Гугл“, вели тој.

Семејството Мартинели не престојува повеќе на фармата, бидејќи постепено била опколена од огромниот кампус познат како Гуглплекс. Во кампусот има канцеларии за околу 20 илјади вработени. Сега е дом на неколку еклектични кираџии, како Михаил Кивачицки, самопрогласен уметник и столар.

Викторија Мартинели, 79, една од постарите членови на кланот Мартинели и сестра на починатиот Виктор,вели дека се уште се двоуми дали треба да ја продаде фармата.

Иако нејзините деца се решени да го задржат семејниот имот, таа вели дека „сега има многу внуци“ и доколку овозможувањето на финансиска независност за нив заслужува да се разгледа.

Доколку семејството се предомисли и се откаже од својата фарма, Гугл ќе продолжи со градбата на уште повеќе канцеларии.

„Ова место изгледа неверојатно, во средината на сето ова“, вели Роб Кар, млад софтверски инженер на Гугл, поминувајќи крај фармата. „Ја гледам вредноста и зошто треба да се зачува. Но, верувам и дека имотот треба да се искористи“.