„Семе“ – детска претстава со сенки на 5 март

Во Театарот „Сенки и облаци“ на 5 март (четврток) од 19 часот ќе се прикажува детската претстава „Сенки и облаци“.

„Преку планини и мочуришта, на летни, есенски и зимски ветришта патуваат нашите Семчиња. Гонети од Кртот и Чавката, бегајќи од Волкот и Бувот, разиграни од Бубамарите и Мравките секое Семче си го пронајде својот пат“, се вели во најавата за претставата.

Од „Сенки и облаци“ велат дека претставата која го пропатува светот од Кина до Бразил милувана од скокотливите звуци на армоника и кахон во живо, повторно трага по детска публика жедна за сведочење на една исконска вистина – и во најмалото Семче се крие надеж, моќ и цел еден свет.