Селмани: ЗНМ бара решение за да се задржи наградата „Менде Петковски“

Здружението на новинари на Македонија се обидува да најде решение со кое ќе се одржи традицијата на доделување на наградата за дописници „Менде Петковски“, која досега и припаѓаше на дневниот весник „Дневник“.

Претседалот на здружението, Насер Селмани, вели дека ЗНМ е запознаено со случајот, но дека веќе објавиле оглас за доделување на две награди, за животно дело и за истражувачко новинарство, предвидени во нивниот Статут.

„Ние сме заинтересирани да ја задржиме наградата, но за жал, тоа прашање нема да можеме да го решиме брзо. На следната седница на Управниот одбор ќе разговараме со колегите и ќе видиме да најдеме решение. Ќе бидеме во координација и со другите новинарски и медиумски организации. Ќе разговараме и со уредништвото на весникот „Дневник“, за да видиме кои се причините што годинава не ја доделуваат наградата“, рече Селмани за Радио МОФ, додавајќи дека сите опции се отворени.

Вчера, сопругата на долгогодишниот дописник од Битола, во чија чест се доделува наградата, соопшти дека весникот прекинува со доделувањето од финансиски причини. Сепак, оттаму се уште нема официјален став.