Селфи епидемија – нови смртни случаи поради глупави фотографии

Минатата седмица германски турист загина непосредно по споделување селфи фотографија на интернет во која се гледа како тој скока во забранетиот реон на рушевините на Ману Пикчу во Перу. Само еден ден претходно, уште еден турист исто така, умре обидувајќи се направи селфи на врвот на водопадот Гокта, исто така во Перу.

Селфито можеби не може да биде официјална причина за смртта на овие лица, барем во формална смисла, но алармот се вклучува кога и овие нови инциденти ќе се додадат на растечкиот број смртни случаи во обид да се направи најдобрата фотографија.

Според истражувањето на „Priceonomics“, најчестата причина за смрт од селфи е паѓање од височина, проследено со давење. Просечната возраст на жртвите е 21 години, а 75 отсто од пријавените случаи се мажи. Priceonomics наведува дека кај мажите има поголема веројатност да преземат „рекреативни ризици” и покрај тоа што жените генерално почесто прават селфи.

Ова прашање влијае на глобалната популација. Така во јануари 2016 година, Вашингтон Пост објави дека Индија има најголем број на смртни случаи поврзани со селфи поради што земјата беше означена како „небезбедна за правење селфи“ на туристички атракции. Ако на ова се додаде и фактот дека Индија има висока стапка на смртност со давење, особено кај млади на возраст меѓу 15 и 25 години, состојбата станува уште поалармантна.

Во меѓувреме и руската влада објави јавен водич за безбедно практикување селфи.

Но овде не застануваат црните предвидување. Статистиките во текот на изминатите две години не покажуваат знаци на значително намалување на активноста на социјалните мрежи во делот на ретвитови и лакови на ваквите фотографии, што е загрижувачки факт, пишува TheNextWeb.com.