Селективните абортуси во Индија можат да го намалат наталитетот на девојчињата за 6.8 милиони до 2030 година

Нова студија покажува дека преференцата за синови е највисока во северниот дел на Индија, а реонот Утар Прадеш има најголем дефицит на женски новороденчиња.

Научниците предвидуваат дека до 2030 година во Индија ќе има 6.8 милиони помалку раѓања на женски новороденчиња поради упорното користење на селективни абортуси.

Академиците од Универзитетот за наука и технологија во Сауди Арабија – „Крал Абдула“ го пресметале родовото ратио во 29 индиски држави и сојузни територии со што ја покриле скоро целата нација, а предвид го зеле и посакуваната државната полова разлика при пораѓање.

Културолошката преференца за син била висока во 17 држави во северниот дел на земјата, а најпопулистичната држава Утар Прадеж го имала најголемиот дефицит на женски новороденчиња. Студиите „предвидуваат“ дека бројот на „изчезнати“ женски раѓања во земјата е 2 милиони помеѓу 2017 и 2030 година.

Студијата, која била објавена во списанието „Плос Уан“, повикувала на засилување на политиките кои се стремат кон родова еднаквост и запознаваат со мерките против постоечките родови разлики.

Анурадха Сахена, членка на дивизијата за женско јакнење, истакнала дека ваквите резултати не се изненадувачки за неа.

„Ќе биде потребно многу време за да се откоренат ваквите традиции и верувања. Прогресот е многу спор, но ние работиме кон целта да им помогнеме на девојчињата да се чувствуваат ценети и сакани, наместо да се гледаат како голем одговорност за која се потребни многу финансии за да се омажи.

Индија начелно има 63 милиони помалку жени откако во 70тите години биле воведени тестирања за откривање на полот.

Во 1994 година, Индиската влада го прогласи за нелегално откривањето на полот на фетусите, освен кога станува збор за медицински причини. Сепак, воведувањето на ваквиот закон не помогна и состојбата со половата разлика и понатаму се влошува.

Индиската полиција редовно апси гангстери што нудат тестирања на бремените жени, кои чинат и до 400 фунти.

Индиската полова разлика моментално се движи од околу 900-930 жени на 1000 мажи, бројки кои го рефлектира начинот на третирање на девојчињата, Момчињата се одгледуваат како наследници, додека девојчињата се одгледуваат како „товар“ низ сите социјални класи и сталежи. Оттаму, момчињата добиваат поздрава храна и подобра медицинска нега од девојчињата за време на развојот.

Владата, волонтерските организациии, медиумите и дел од боливудските ѕвезди се обидуваат да го сменат начинот на размислување, а во некои ржави владини претставници ги посетуват домовите со женски новороденчиња за да поентираат на славењето на женското раѓање.

Во Сихар, Сахена, од оваа недела е воведена нова мерка според која имињата на женските новороденчиња се гравираат на плочки кои се закачени на фасадите на домаќинството, за да се покаже важноста на женското новороденче. Сикар ја има една од поголемите полови разлики при раѓање – само 888 девојчиња на 1000 момчиња.

Рано склопените бракови се важно влијание при селективните абортуси бидејќи омажените девојчиња често не се доволно информирани, или пак не се доволно самоуверени за да се спротистават на семејствата на нивните сопрузи.

Според организацијата „Девојчиња, а не невести“, скоро 27 отсто од девојчињата во Индија се мажат пред да наполнат 18 години. Премиерот на Индија, Нарендра Моди, нагласил дека планира да ја подигне легалната возраст за стапување во брак од 18 на 21 година.

Извор: Guardian