„Селектирај – Рециклирај – Редуцирај“ – Панел дискусија на Ротаракт Клуб

Ротаракт Клуб Скопје организира дискусија на тема: „Селектирање и рециклирање. Кој, како, колку придонесува за редуцирање на отпадот во Република Македонија“, која ќе се одржи во понеделник од 20 часот во „Јавна соба“.

Со свои обраќања на настанот ќе присуствуваат директорот на „Нула Отпад“, Марјанчо Дамески, Филип Ивановски, директорот на „Пакомак“ и Андреј Ѓокиќ од „Суниленс“. Модераторка на дискусијата ќе биде Александра Пановска Илиевска.

Панел дискусијата има за цел подигнување на јавната свест за важноста од менаџирање со отпадот.