Сексуалното образование е основно човеково право кое им го одземаме на тинејџерите секој ден

„Ако докторот знае дека сте болни, треба да ви каже. Ова е фундаментален принцип на медицинската етика, а државите и владините програми исто така имаат обврска да обезбедат точна и целосна информација“.

Истражување објавено минатата недела е последно од долга низа на студии кои покажуваат дека сексуалното образование кое пропагира само апстиненција, не функционира. Освен повикување на внимание за тоа колку овој пристап е „научно и етички погрешен“, истражувачите потенцираат и дека пристапот до точно и разбирливо сексуално образование е основно човеково право. Сепак, тинејџерите сè уште не го добиваат, во САД и во поголем дел од светот.

Според истражувањето, објавено во Journal of Adolescent Health, владите се обврзани да им снадбат на граѓаните, стари и млади, информации кои им требаат за да прават информирани одлуки за нивното здравје.

„Пристапот до целосни и точни информации за полово преносливите инфекции, ХИВ/СИДА и репродуктивното и сексуално здравје се препознаени како основно човеково право, клучно за реализирање на човековото право за највисок стандард на здравје“, пишува во истражувањето. Всушност, бројни меѓународни договори инсистираат на тоа.

На пример, Комитетот за права на детето на ОН во 2003 година истакна дека за максимално да се зголемат напорите за превенција на ХИВ/СИДА, владите мора да се „воздржат од цензурирање, задржување или свесно погрешно претставување на знаењето и вештините за да се заштитат себеси и другите, во процесот на искажување на нивната сексуалност“.

Џон Сантели, професор за население и семејно здравје и педијатрија на Универзитетот Колумбија, кој е и главен автор на истржаувањето, вели дека поголем дел од светот, сомалку исклучоци како САД, се потпишале на овие меѓународни договори.

„Основно човеково право е и правото на информација, особено информирање за здравјето“, вели тој. „Ако докторот знае дека си болен, треба да ти каже. Тоа е фундаменталниот принцип на медицинската етика, а државите и владините програми исто така имаат обврска да обезбедат точна и целосна информација“.

Бидејќи САД им овозможува на државите да стават приоритет на програмите кои пропагираат само апстиненција, адолесцентите често добиваат ограничени или неточни информации, вели Сантели.

„Има причина зошто во извештајот едногласно велиме дека овие видови на програми се неетички и не ги исполнуваат стандардите на медицинската етика, која е основана на давање на информациите кои им се потребни на луѓето. Не помага ни во смисол дека им остава на луѓето само еден избор, кој најчесто не го почитуваат. Мислиме дека ова е дел од причините поради кои овие програми не функционираат“.

Во меѓувреме, администрацијата на Трамп во Департманот за здравство и здравствени услуги – организацијата која има за задача да го подобри здравјето на граѓаните – луѓе кои се отворено против точнитр информации и пристап до нив. Секретарот Том Прајс, на пример, е познат по поранешните врски со холистичката медицинска Асоцијација на американски доктори и хирурзи, која пропагира дека „абортусот предизвикува рак на дојката, а вакцините предизвикуваат аутизам, но ХИВ не предизвикува СИДА“.

Други луѓе кои ја негираат науката, а работат во областа на здравството се активистот против абортуси Шармејн Јоест, како асистент секретар за односи со јавноста, и Валери Ибер, значаен адвокат за апстиненција.

Како резултат, промените на политиката веќе започнаа да се покажуваат. Во јули, администрацијата на Трамп тивкои без објаснување скрати повеќе од 200 милиони долари од Програмата за превенција на тинејџерска бременост.

Сантели ја нуди оваа аналогија за да ја потенцира важноста на давање пристап на луѓето до сите информации за здравје кои им требаат.

„Како би се чувствувале доколку одите кај вашиот матичен лекар со лош вид на рак и малку можности за лечење, но вашиот доктор не ви ги даде сите информации? На пример, ако верувате во хемотерапија или сте заинтересиран за хируршки зафат, а тие само ви кажат за некоја друга можност. Повеќето луѓе би се почувствувале многу лути и исплашени да дознаат дека нивниот доктор им задржува информации кои се значајни за нивниот живот и здравје“.

„На истиот начин“, продолжува тој, „информациите за СИДА преку сексуално образование е значајно за здравјето на младите. Ужасно нешто е да мислиме дека некој ќе се инфицира бидејќи не сме им ги дале информациите кои ќе ги заштитат“.

Кимберли Лосон за Вајс