Секоја втора двојка до 2030 година, љубовта ќе ја почне на Интернет

Повеќе од половина двојки во наредните 20 години ќе се запознаваат на Интернет, покажува истражувањето кое го спроведе страницата за интернет состаноци „eHarmony“, пишува „Дејли Мејл“.

Секоја втора двојка до 2030 година, љубовта ќе ја почне на Интернет

Најголем бум се очекува меѓу лицата на возраст од 55 до 64 години. До 2030 година на онлајн сајтовите за љубов ќе има 30 отсто повеќе корисници.

Поедноставниот и поевтин пристап на Интернет и употребата на паметните телефони го подобруваат користењето на алаткине за онлајн состаноци.

Истражувањето покажа дека има се помалку врски кои се започнати во училиште или на работа, односно „на традиционален начин“.