Секој понеделник во „Педала“ на час по само-одржување на велосипедот

Од утре, па секој нареден понеделник, центарот „Педала ќе биде отворен за потребите на своите членови, но и останатите велосипедисти во Скопје.

Секој ќе може да дојде и со алатот на располагање да си го поправи велосипедот. Во исто време, присутни ќе бидат доброволци од центарот кои ќе даваат совети и ќе помогнат да се одржува велосипедот.

„Никој нема да вложи повеќе љубов во одржувањето на твојот точак од ти самиот“, велат од „Педала“.

Но, доколку не сте во можност да го посетите центарот, во продолжение краток „туторијал“ за тоа како сами да си го одржувате велосипедот при дупната гума.