Сеќавање на култниот рокер: Панчево доби плато „Милан Младеновиќ“

Собранието на српскиот град Панчево го усвои предлогот на група граѓани – просторот зад Домот на младите во градот да добие назив „Плато Милан Младеновиќ“. Официјалната одлука доаѓа по неколкумесечна административна процедура. Иницијативата ја поднеле десетина граѓани, по идеја на Слободан Бугарин, тапанарот на кросовер составот Исказ.

Сеќавање на култниот рокер: Панчево доби плато „Милан Младеновиќ“

Милан Младеновиќ (1958-1994) беше српски рок музичар, најпознат како пејач и гитарист на белградската група Екатарина Велика (ЕКВ).

Отворањето на преименуваното плато е закажано за 19 септември, а на настанот ќе настапат бендовите JIG (EKV tribute) и Hipnagoga slike.

Извор