Седумте најбогати држави, членови на „Г7“ ќе ги даночат „Амазон“, „Фејсбук“ и „Гугл“

Групацијата „Г7“ ја сочинуваат дел од најбогатите економии кои достигнаа заеднички договор за даночење на мултинационалните компании, пренесува „Бизнис инсајдер“. Според договорот, технолошките гиганти ќе треба да плаќаат повисок данок во овие држави, а исто така се планира и воведување на минимална даночна стапка од 15 отсто на глобално ниво.

Министерите по финансии на дел од најбогатите нации на светот достигнаа „историски договор“ за да ги запрат даночните злоупотребувања на интернет гигантите.

„Возбуден сум да најавам дека после години преговарање, министрите по финансии на земјите дел од „Г7“ донесоа согласност за реформирање на глобалниот даночен систем“, изјавил Риши Сунак, британски канцелар на „Ексквајрер“ по лондонскиот состанок на „Групацијата седум“.

„Овој данок се воспоставува за да соодветствува со дигиталната ера, но и за да се осигураме дека компаниите го плаќаат соодветниот данок во соодветните места“, додал тој.

Договорот е воспоставен помеѓу Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Британија и САД кои ќе се осигураат дека мултинационалните компании плаќаат поголем данок во државите во кои дејствуваат. Овој договор се воспоставува за да се одбегне отворањето на деловни простови на технолошките компании во земји кои имаат ниски даноци, при што компаниите ќе можат да имаат поголеми заработки на овие територии.

„Првиот столб“ на договорот би се однесувал на глобалните компании со најмалку 10 проценти маржа на профит. Со данок од 20 отсто на секој профит над таа маржа ќе биде пренаменет и оданочен во земјите каде што прават продажба, објавил Сунак на Твитер.

Законот ќе ги погоди технолошките гиганти како „Амазон“, „Фејсбук“ и „Гугл“.

Со „Вториот столб“ на договорот се воспоставува минимална даночна стапка од 15 отсто на глобално ниво. Ова ќе ги спречи големите компании да остваруваат поголема заработка во државите кои се познати како „даночен рај“.

Овој договор се смета дека е голема победа за администрацијата на Бајден. Американскиот претседател планира да воведе покачување на државната даночна стапка. Доколку глобалните даночни стапки станат порамномерни, како што ветува договорот, тоа може да значи дека мултинационалните компании ќе се одлучат да останат во САД, без разлика на високите американски даночни стапки.

Според „Гардијан“, шесте компании „Мајкрософт“, „Амазон“, „Гугл“, „Алфабет“, „Нетфликс“ и „Епл“ долго време се обвинувани за избегнување на исплата од десетици милијарди долари во даноци во изминатата декада, иако достигнувале заработка од трилиони долари.