Седумнаесет години забава со South Park

South Park седумнаесет години со насКога станува збор за успех во светот на забавата, не постои никој подобар од парот од Колорадо, Мет Стоун и Треј Паркер. Тие од хартиени колажи ги креираа и анимираа своите ликови во “South Park” и направија триумфален успех во кабловската телевизија, на интернет, во кино а во 2001-ва успеаа да го освојат и Бродвеј.

Во текот на последните 16 сезони и 237 епизоди на “South Park“, преку несреќните авантури на четирите анимирани деца, црниот хумор и сатирата влегоа во сите пори на американската но и светската култура. Во меѓувреме успеаа да го кренат на нозе Comedy Central со својот хит Book of Mormon (Книгата на Мормоните) и наместо до 2013-та потпишаа договор за емитување на анимираната серија до 2016-тата година.

Наскоро Стоун и Паркер ќе ја завршат и верзијата на видео играта за “South Park“ а неодамна објавија дека ќе формираат и продукциска компанија, чија вредност се проценува на 300 милиони долари, пренесе Њујорк тајмс.

Успехот на “South Park“ е лекција во основите за entertainment светот: доколку раскажувате приказни кои луѓето сакаат да ги слушнат, публиката ќе ве најде, пренесува Њујорк тајмс.

Седумнаесетата сезона на најпознатата анимирана серија во светот, премиерно ќе започне на 25 септември оваа година, а фановите ќе можат да ја погледнат на Comedy Central или на официјалниот сајт southparkstudios.com