Седуммина починати и 234 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале седум лица, односно, двајца пациенти од Скопје, на 86 години и еден странец на 68 години кој бил хоспитализиран во Скопје, двајца од Крушево на 71 година и по еден од Тетово на 62 години, од Прилеп на 85 години и од Пробиштип на 71 година.

Во последните 24 часа се потврдени 234 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 99 случаи во Скопје, 26 во Прилеп, 19 во Кавадарци, 17 во Куманово, 15 во Струмица, девет во Неготино, по седум во Тетово и Кочани, шест во Гостивар, по пет во Штип и Велес, по четири во Охрид и Гевгелија, три во Струга, два во Виница и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 138, Кавадарци – 33, Неготино – 19, Велес – 10, Крива Паланка и Ресен – по 8, Штип – 7, Куманово – 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип – по 2 и по 1 од Берово и Богданци.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.208 тестови.