Седуммина починати, 186 новозаразени и 85 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале седум лица во болнички услови, односно, еден пациент од Куманово на 53 години, двајца пациенти до Струга на 68 и 70 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и тројца пациенти од Делчево на 43, 60 и 78 години.

Во последните 24 часа потврдени се 186 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 56 случаи во Скопје, 18 во Гостивар, 17 во Кочани, 16 во Куманово, 12 во Струмица, десет во Тетово, осум во Штип, седум во Прилеп, по шест во Струга и Битола, пет во Гевгелија, по четири во Кавадарци и Делчево, по три во Крива Паланка и Кичево, по два во Охрид, Радовиш и Свети Николе и по еден случај е регистриран во Велес, Пробиштип, Македонски Брод, Валандово и Ресен.

Институтот за јавно здравје регистрирал 85 оздравени пациенти, односно, 19 од Скопје, 13 од Прилеп, по девет од Охрид и Гостивар, пет од Гевгелија, по четири од Штип, Струга и Берово, три од Македонски Брод, по два од Дебар, Тетово, Радовиш, Кочани и Свети Николе и по еден оздравен пациент е регистриран од Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Делчево и Кичево.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се пет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 43 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на Ковид-19 и уште четири деца и четири мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 171.155 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.674 теста.