Седуммина починати, 163 новозаразени и 132 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале седум лица, односно, двајца пациенти од Струга на 78 и 80 години, пациент од Кочани на 77 години, пациент од Струмица на 44 години, пациент од Скопје на 72 години, пациент од Битола на 79 години и пациент од Гостивар на 79 години.

Во последните 24 часа, МЗ информира дека се потврдени 163 новозаразени, односно, регистрирани се 33 случаи во Скопје, 18 во Струмица, 17 во Куманово, 13 во Тетово, 11 во Кочани, осум во Гостивар, по седум во Прилеп и Делчево, шест во Велес, по пет во Штип и Кавадарци, четири во Битола, по три во Дебар, Струга, Гевгелија и Кичево, по два во Охрид, Крива Паланка, Радовиш, Македонски Брод, Валандово, Виница и Ресен и по еден случај е регистриран во Пробиштип, Демир Хисар и Свети Николе.

Институтот за јавно здравје регистрирал 132 оздравени пациенти, односно, 46 од Скопје, 13 од Куманово, по 12 од Прилеп и Гостивар, седум од Штип, по четири од Охрид, Кавадарци и Делчево, по три од Тетово, Битола, Кочани, Берово и Кичево, по два од Струга, Крива Паланка, Пробиштип, Македонски Брод, Пехчево и Неготино и по еден оздравен од Велес, Валандово и Кратово.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088, бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се двајца пациенти, а вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 43 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на Ковид-19, и уште три деца и три мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 169.481 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.721 тест.