Седуммина мртви во терористички напад во Лондон

Бројот на смртни случаи порасна на седум, а 48 други се повредени во терористички напад во Лондон. Полицијата ги застрела тројцата осомничени.

Бело комбе удри во пешаци на Лондонскиот мост околу 22 часот во саботата, а потоа тројца мажи излегоа од него и прободеа повеќе лица со нож близу до Буроу пазарот. Полицијата изјави дека тројца мажи носеле лажни експлозивни елеци.

Еден од нив повредил полицаец, кој бил прободен со нож откако се обидел да помогне на жртва. Неговите повреди не се опасни по животот.

Ова е трет терористички напад во Обединетото Кралство во последниве три месеци, после сличниот напад во Вестминстер во март, кога починаа пет лица, и бомбардирањето во Манчестер пред помалку од две недели, кога починаа 22-ца, меѓу кои и деца.