Седумгодишно девојче упати силна критика за Лего коцките и родовите стереотипи кај играчките

Писмото на седумгодишната Шарлот посветено на  компанијата за коцки Лего,  во кое таа ги критикува родовите стереотипи кај играчките беше прочитано во целиот свет.

Таткото на Шарлот, Бенџамин постави слика од ова писмо на Sociological Images, која брзо се прошири преку Твитер и Фејсбук. Во писмото, Шарлот пишува за својата „фрустрација“ поради недостигот на Лего играчки за девојчиња.

Лего

„Јас имам 7 години и ги сакам Лего коцките, но не ми се допаѓа тоа што има многу Лего момчиња и едвај неколку Лего девојчиња”, пишува таа.

Во писмо Шарлот укажува и на несразмерниот однос бојата на коцките, розовите за девојчиња и сините за момчиња.

„Денеска отидов во продавница и видов коцки во две секции, розови и сини“, пишува таа. „ Сите девојчиња седеа дома, одеа на плажа или на шопинг и немаа работа, но момчињата одеа по авантири, работеа, спасуваа луѓе и имаа работа, па и пливаа со ајкули“, додава Шарлот.

Лего

Писмото доби многу позитивни коментари. Од „Sociological Images“ местото каде беше поставена слика на писмото велат дека писмото на Шарлот е пример за тоа како може да се користат социјалните медиуми за протисок кон компаниите од кои се бараат промени, објави Дејли Мејл.