Квин Каландер, седумодишно дете од Канада со продавање на лимонада на импровизиран штанд успеа да собере повеќе од 53.000 долари за на неговиот другар Брејдан Грозданич да му овозможи скапа операција. Квин и Брејден од Ванкувер се најдобри другари уште од градинка. Но, Брејден боледува од церебрална парализа поради што тешко се движи и неопходна му е операција, пренесе МИА.
Хируршкиот зафат кој ќе му овозможи да оди без помагала, чини 20.000 долари и може да се изведе само во САД, а семејството на детето не е во можност тоа да си го дозволи.
Кога Квин слушнал за опрацијата веднаш смислил начин како да му помогне на неговиот пријател.
– Им реков на татко ми и мајка ми дека сакам да направам штанд каде ќе продавам лимонада за да соберам пари, раскажа момчето во репортажа за канадската телевизија.
Неговата мајка се солидализирала со него и покрена акција за собирање прилог по пат на Интернет.
За помалку од една недела, благодарејќи на нивната компанија собрани се повеќе од 50.000 долари што ги покрива не само трошоците за операција, туку и претстојот на целото семејство во САД.