Седум студенти во Белград заразени со коронавирус

Српскиот министер за образование, Младен Шарчевиќ соопшти дека седум студенти се позитивни на коронавирусот и дека се сместени во еден ученички дом во Белград.

Во изјава за ТВ Пинк рече дека во моментов нема заразени студенти во студентските домови во главниот град.

Во текот на летото, како што информираше, во студентските домови останале 1.200 студенти, што е помалку од просекот што обично се случува во текот на летото.

„Им обезбедивме привилегирани цени за сместување во текот на летото“, рече министерот, додавајќи дека во студентските домови останале студентите кои имаат врзани рокови и вежби.