Седум причини зошто нема да направиш ништо од својот живот

Ова е текст кој би можеле да го прочитате. Го напиша Raymmar Tirado, а Радио МОФ го преведе и пренесе во целост. Подгответе се за суровата вистина!

Седум причини зошто нема да направите ништо од својот живот

„Да, така е, ме слушна…тебе ти зборувам! Те гледам во очи. Добро, не баш во очи, бидејќи сигурно ова го читаш на екран, но фигуративно, замисли дека во овој момент ти правам дупка на челото и ти кажувам дека немаш никакви шанси.

Ти велам, ако го прочиташ овој текст, ја погледнеш листата и ако не препознаеш дека се однесува на тебе, треба да бидеш барем малку загрижен.

Всушност, би требало да бидеш многу загрижен. Би требало да оставиш се и да се запрашаш – која е целта на твоето постоење. Земи огледало, погледни се во очи и удри си шамар.

Разбра? Сега повторувај го ова додека не сфатиш дека навистина се однесува на тебе. Овде зборувам за улични вештини.

Јас не зборувам за познатото – учи вредно, малку забавувај се, заврши факултет со добри оценки.

Јас не зборувам ниту за она – забавувај се лудо, не оди на предавања, пуши марихуана, пијанчи се, но сепак заврши факултет.

Јас зборувам за тоа да излезеш од дома и да направиш нешто конкретно. За тоа зборувам.

Да излезеш од куќата на мама и тато, да дадеш отказ од сигурната работа, да се оддалечиш од сите и потоа навистина да направиш нешто, за тоа зборувам.

Зборувам и за вештините кои ќе ги научиш во вистинско светло, надвор од сигурната зона, од родителскиот дом или од идеолошките програми кои постојано те следат низ целото образование. Зборувам и за вештини кои секој може да ги научи ако сака, но кои и покрај се, полека исчезнуваат.

Тие вештини не може да се научат од книги или на училиште, тие вештини може да се научат само низ работа. Како што може да научиш да пливаш само ако се фрлиш во вода, без спасувачки елек.

Тие вештини ќе ги научиш дури кога ќе се откриеш самиот себе. Кога се ќе ставиш на коцка и ќе се соочиш со пропаста, тие вештини ќе ги научиш само ако си подготвен да ризикуваш за да постигнеш нешто неверојатно.

Тоа што сакам да го кажам е дека во играта наречена живот, немаш некои шанси…

1. Бидејќи не си изгубил доволно пати во животот

Бидејќи се чувствуваш прилично добро во својата просечност, бидејќи си одлучил да не се обидеш.

Бидејќи  е полесно е да зборуваш за тоа како учиш нешто ново, отколку тоа да го направиш.

Бидејќи  ја мразиш работата, ама не сакаш да пронајдеш друга, полесно е однапред да го отфрлиш можниот неуспех со кој би можел да се соочиш.

Бидејќи ти е полесно да не се обидеш, отколку да пробаш, па дури и ако си сигурен дека нема да успееш. Сепак, ќе научиш нови работи и ќе имаш предизвик.

Бидејќи кога и да не сум успеал, нешто сум научил и потоа сум го променил правецот за одење напред. Како ковањето на железото кое мора да помине низ оган за да го добие вистинскиот облик.

2. Бидејќи не ти е грижа што мислат другите

Бидејќи мора да се вклопиш.

Бидејќи веруваш дека е во ред да се биде поинаков, но само ако си поинаков на ист начин како сите останати.

Бидејќи се плашиш да се соочиш со самиот себе си поради стравот од другите. А така размислуваш затоа што и самиот им судиш на останатите, па според тоа, мора и тие да ти судат тебе на истиот начин.

Бидејќи повеќе ти значат работите кои ги имаш, отколку работите што си ги направил.

Бидејќи  трошиш пари на облека, автомобили, скапи ресторани или излегувања.

Јас вложувам во себе. Додека ти се обидуваш да се вклопиш во светот, јас го приспособувам светот на себе.

Затоа што јас без размислување ќе ја отфрлам сигурноста и ќе се покажам пред светот. Ќе станам отпорен на туѓите мислења и ќе стојам гол во масата на идеи, но ќе знам дека ти си останал просечен, а јас сум направил посебни работи.

3. Бидејќи мислиш дека си попаметен од тоа што реално си

Бидејќи си направил се што направиле и останатите. Си го учел она што го учеле сите, си го прочитал тоа што го прочитале сите.

Бидејќи си го научил она што требало за да ги положиш нивните испити, а сега мислиш дека си паметен токму поради тоа.

Бидејќи  мислиш дека учењето е нешто што се прави во училиште.

Додека ти беше на факултет, јас учев живот. Наместо да учам за светот, јас излегов во тој свет. Можеби немам диплома, но ти слободно одбери тема за која сакаш да разговараме.

Бидејќи  можам да ги положам сите твои тестови ако треба, но ти не би издржал ниту една секунда пред предизвиците кои ми ги приреди животот. Предизвици кои не се направени врз основа на тежината, туку само врз основа на еден критериум, а тоа е – или ќе преживееш или не.

4.Бидејќи не читаш

Бидејќи  читаш работи кои се бараат од тебе или не читаш воопшто.

Бидејќи  мислиш дека историјата е досадна, а филозофијата глупава.

Бидејќи  повеќе ќе гледаш ЕмТиВи отколку што истражуваш нешто ново, наместо да влезеш во главата на другите за подобро да го разбереш светот.

Бидејќи одбиваш да прифатиш дека моќта на овој свет доаѓа од зборовите на луѓето што живееле пред тебе. Дека се што сакаш уште сега можеш да го пронајдеш во зборовите кои денес се подостапни од секогаш.

Бидејќи  веројатно, не сакаш ниту да го дочиташ овој текст, иако можеби знаеш дека треба.

Бидејќи луѓето кои го читаат овој текст веќе ги знаат овие работи.

Бидејќи  можеш да ги одведеш коњите по вода, но не можеш да ги натераш да ја испијат водата.

5. Бидејќи не си љубопитен

Бидејќи  уредно ја добиваш својата порција сервирани вести од контролираните медиуми.

Бидејќи не си подготвен да го поставиш прашањето : Што ако се е лага? А потоа ја прифаќаш можноста дека всушност тоа е лага. Можеби затоа што техниките на мас- медиумите се направени за да те збунуваат.

Бидејќи  мислиш дека јас сум разбрал се, а не можеш да прифатиш дека ти не знаеш ништо.

Бидејќи  јас сум желен за знаење, независно од темата.

Бидејќи  додека ти играш Candy Crush или Megalopolis, јас читам за квантна механика.

Бидејќи  ти губиш време на апликации, а јас учам да уредувам видео, да направам веб страница или да дизајнирам мобилна апликација.

Бидејќи  би те уништил ако дебатираме. Затоа што моите аргументи ќе ги бранам од секој агол за да сфатам се што би можел да кажеш против мене.

Бидејќи  сум одлучил да ги разберам двете страни на приказната за да можам да ги застапувам и твоите ставови и да победам, дури и да те поразам во дебатата.

6.Бидејќи не поставуваш доволно прашања

Бидејќи  не ги преиспитуваш авторитетите.

Бидејќи  не си поставуваш прашања.

Бидејќи  не ја разбираш моќта на добро поставените прашања во животот, разликата во мислењата и борбата за своите ставови како некој што се обидува да те убеди во спротивното.

Бидејќи  не можеш да ја преиспиташ реалноста, стуткан во сопствената матрикс – монотонија.

Бидејќи  знам дека во обичен разговор ќе ми ги откриеш сите информации потребни за да те уништам.

Бидејќи  јас го проучувам однесувањето на луѓето, додека ти ги игнорираш сите останати, освен себе си.

Бидејќи  следам како ги изговараш зборовите исто како што слушам што зборуваш. А зборуваш премногу.

Бидејќи  вистинската моќ не доаѓа од игнорирањето, туку од правилно одбраните прашања.

Бидејќи  јас се занимавам со основните идеи на твојот аргумент и можам да ги пресечам во корен пред ти да сфатиш дека воопшто имаш идеја.

7.Бидејќи не можеш да ја прифатиш вистината

Бидејќи  одбиваш да признаеш дека некои работи не ги знаеш.

Бидејќи  не постои текст на интернет кој ќе ти го надомести времето потрошено во животот.

Дури и кога би ти објаснил се, ти пак ќе чекаш да дојде утре за да почнеш. А светот до тогаш би можел целосно да се промени. Бидејќи и кога мислиш дека не сум, јас сепак сум свесен за светот околу мене.

Бидејќи мислиш дека не сум те забележал, ако не сум ти појаснил.

Бидејќи  одиш со крената глава, игнорирајќи го светот кој е толку блиску што би можел да почувствуваш вкус само ако ја отвориш устата. Само тогаш би сфатил колку е вкусна вистината.

Бидејќи веднаш би се навлекол на него. Би ги сфатил своите недоразбирања и потоа би можел конечно да разбереш дека единствено нешто што те спречува да направиш нешто неверојатно, си самиот ти.

Бидејќи  овие причини кои се однесуваат на тебе, ако не ги промениш, нема да направиш ништо значајно во животот!“

Извор: Бука