Седум претстави на 13. „Скупи“ од 21 до 27 октомври во Театар Комедија

Седум претстави од регионов и од Русија ќе бидат изведени на 13. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“, кој вo понеделник (21 октомври) ќе го отвори претставата „Карневалите на Корча“ на Националниот театар на Косово од Приштина.

Во наредните денови, секоја вечер до 27 октомври, под мотото „Лог ин“ ќе бидат изведени и бугарската претстава „Вујко Вања“ на театарот „Вазраждане“ од Софија, руската „Осамениот Запад“ на театарот „У моста“ од Перм, словенечката монодрама „Жените на Ибзен“ на Покет театар студио од Љубљана. Потоа, српската претстава „Кири и Клодел“ на Пулс театар и терирем продукција од Белград, албанската „Добра ноќ, мајко“ на Метропол театар од Тирана и македонската „Жени пред нервен слом“ на Театар Комедија.

За наградите ќе одлучува тричлено жири составено од: Уљка Мујо, Емин Аземи и Борче Начев.

Фестивалот се реализира со поддрша од Министерството за култура, Град Скопје и Македонски телеком.

Партнер во организацијата на годинашниот „Скупи“ е Театар Комедија каде што ќе се играат претставите.