Седум починати и 168 нови случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 168 нови случаи на Ковид-19 при направени 1.478 тестирања.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 110, Кавадарци и Кочани – по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Оздравени се 275 пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно починато лице од Велес (67г), Струмица (65г), Штип (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.

Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19.