Од кабинетот на Претседателот на Собранието известија дека седницата за избор на Владата на Република Македонија е закажана за утре во 11 часот, откако доцна синоќа мандатарот Зоран Заев го доставил до собраниските служби предлогот за состав на Владата и програмата на идната извршна власт.
Новиот состав на Владата, освен од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, поддршка доби и од Демократската Унија за Интеграции и коалицијата на Алијансата на Албанците, кои заедно имаат 62 пратеници во новиот состав на Собранието составено од 120 члена.
Предложени за Министри се:
Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања (бизнисмен),
Хазби Лика, вицепремиер за спроведување на рамковен договор (ДУИ),
Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции (ДУИ),
Радмила Шеќеринска, министер за одбрана (СДСМ),
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи (СДСМ),
Драган Тевдовски, министер за финансии (СДСМ),
Никола Димитров, министер за надворешни работи (независен),
Рената Десковска, министер за образование и наука (СДСМ),
Горан Сугарески, министер за транспорт и врски (СДСМ),
Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (СДСМ),
Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (СДСМ),
Мила Царовска, министер за труд и социјална политика (СДСМ),
Роберт Алаѓозовски, министер за култура (СДСМ),
Крешник Бектеши, министер за економија (ДУИ),
Булент Салиу, министер за правда (ДУИ),
Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање (ДУИ),
Арбен Таравари, министер за здравство (ДР-ДПА),
Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа (НДП).
Предложени за Министри без ресор се:
Рамиз Мерко (ДУИ),
Едмонд Адеми (СДСМ),
Роберт Поповски (СДСМ),
Зоран Шапуриќ (ЛДП),
Зорица Апостоловска (НСДП),
Аднан Ќахил (ТХП) и
Самка Ибраимовски (ПЦЕР)