Седмо издание на „Прво па женско“: Ова тело кое не е едно

Промислувањата на телото и телесноста се годинешните потпорни точки на годинешново седмо издание на фестивалот „Прво па женско“ кое ќе се одржува од 9-ти до 12-ти мај во МКЦ – Скопје под слоганот „Ова тело кое не е едно“.

Фестивалот започнува на 9-ти мај напладне, со панел дискусија „Гинекологија и акушерство: сервиси, достапност и третман“, додека официјалното отворање ќе биде вечерта во 19 часот во Галеријата на МКЦ со отвoрање на изложбата „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска.

Целосната програма на фестивалот може да ја најдете на фејсбук настанот на Tiiiit! Inc.