Седмо издание на ЛокоМоушн-фестивал за современ танц и перформанс

Со предавањето на Алдо Милониќ на тема „Изведувачките уметности и измислената структура на законот“ почнува седмото издание на ЛокоМоушн – фестивал за современ танц и перформанс кој ќе трае до први ноември во Младинскиот културен центар, РИЦ центарот во Зебра и Менада.

Седмо издание на ЛокоМоушн-фестивал за современ танц и перформанс

Според организаторите, фестивалот годинава се одвива под многу тешки финансиски услови.

„Во такви услови ние единствено сме во можност да обезбедиме одреден простор и да ги поканиме сите учесници, публиката и пријателите и да создадеме рамка за размислување и размена, која ќе овозможи нова соработка и воедување на нови економии на економска размена помеѓу уметниците, културните работници, публиката, споделување на знаење и вмрежување базирано на хетерогени инвестиции, интереси и пракси“, се наведува во соопштението од организаторите.

Скоро четириесетина гости, уметници, програмски уредници, куратори и патнери ќе бидат гости на фестивалот.

Според организаторите, LocoMotion #7 е резултат на солидарноста на уметници и пријатели од Европа, Јапонија, Мексико и САД, вклучени во реализација на фестивалот кои ги донираа своето време, знаење и хонорари за негова реализација.

Во програмата се вклучени интернационални, но и македонски учесници. Исто така, ќе се одржат и предавања, раговори, презентации, дискусии за тоа каде е современиот танц денес.

Во оф програмата ќе се одржи музичка сесија со Коџи Сето од Јапонија и Александар Пејовски.