Седмо издание на БУФ – фестивал на германски филмови за деца во Кинотека

Гете-институт Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија по седми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ). Фестивалот ќе се одржи од 15 до 20 април 2019 во Кинотека на Северна Македонија и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.

„Богатата програма на осмото издание на филмскиот фестивал веќе е утврдена и ветува уживање во филмови за сечиј вкус“, велат организаторите.

На програмата се наоѓаат пет актуелни играни филмови. Сите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.

Во продолжение, програмата на фестивалот:

 Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета
15.04., 12:00
17.04., 18:00

Џим Копче и Лукас машиновозачот
16.04., 14:00
20.04, 12:00.

Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката
17.04., 12:00
19.04., 12:00
20.04., 14:00

Венди 2 – другарство засекогаш
15.04., 14:00
18.04., 10:00

Помош, ги смалив родителите
16.04., 12:00
18.04., 14:00

„Гете-институт ги уверува сите љубители на филмот дека за секого ќе има нешто возбудливо, поттикнувачко, забавно или поучно и, секако, дека ќе има нешто за сечиј вкус“, се вели во најавата за настанот.

Повеќе информации за фестивалот има во каталогот на www.goethe.de/skopje и на www.facebook.com/goetheinstitut.skopje.