Седма студентска филолошка конференција „Како си ми?“

Седмото издание на студентска филолошка конференција „Како си ми?” ќе се одржи на 25 септември (сабота) преку онлајн платформата „Зум“, со целосна поддршка од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Конференцијата има за цел да ги собере на едно место проучувачите на филологијата, при што студентите ќе можат да ги изложат своите истражувања од сферите на: лингвистиката, книжевноста, културата и уметноста, преведувањето и толкувањето, методиката и дидактиката, како и интермедијалните и интердисциплинарните релации во кои стапува филологијата.

Преку дијалог ќе се актуализираат традиционални и современи теориско-методолошки пристапи и се аплицираат врз различни филолошки прашања.

Во прилог, целосната програма на конференцијата:

11:00 – 12:00 – Отворање на конференцијата и промоција на петтиот зборник: „Како си ми?“: проф. д-р Анета Дучевска и проф. д-р Марија Ѓорѓиева-Димова

12:00 – 13:15 – Прва сесија излагања и дискусии

1. Сара Павловска – „Синонимите во клиничката терминологија“
2. Иван Бородулин – „Фонетски (јазичен) метод на предавање на академски пејач: работа на артикулаторниот апарат во говорот и пеењето“
3. Викторија Блажевска – ,,#Јер гравитација: Конструкцијата [бидејќи х] во современиот македонски јазик“
4. Ива Дамјановски и Слободан Танасковски – „Лингвистичката природа на музиката на хеленската трагедија, од транскрипција до анализа на нејзините естетски, семантички и мелодиско-хармонски карактеристики“

Видео промоција на „Како си ми?“: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска

13:15-13:30 – Пауза

13:30-14:45 – Втора сесија излагања и дискусии

5. Доротеа Огненовска – „Другоста и постколонијализмот во магичниот реализам низ примерот на Гладниот Пат од Бен Окри“
6. Кристијан Стефановски – „Женското писмо во поетскиот опус на Лидија Димковска“
7. Борис Симоновски – „Идентитетот, лудилото и абјектот во Војвотката од Малфи“*
8. Андријана Смиљковска – „Од креативно пишување до книжевно движење: француската книжевна работилница Улипо“

Видео промоција на „Како си ми?“: проф. д-р Калина Малеска-Гегај

14:45-15:00 – Пауза

15:00-16:00 – Трета сесија излагања и дискусии
9. Февзудина Сарачевиќ – „Негирањето и спротивставувањето, како меѓучовечки стратегии во дискусиите на македонските интернет форуми, за Ковид-19 пандемијата“*
10. Никола Ристевски – „Искреноста во етичкиот датив – чекор кон спознавање на Другиот“
11. Ботонд Калман – „Промени во наклонот на животниот стандард на универзитетските студентите што студираат економија поради пандемијата од корона вирусот“*

16:00-16:15- Пауза

16:15-16:45 – Затворање на конференцијата и доделување потврди за учество.

Сите информации за конференцијата се достапни на следниот ЛИНК.