Седма розова прошетка против ракот на дојка

Седмата розова прошетка против ракот на дојка како централен настан од кампања „Напред розово 2015- чекори против ракот на дојка“, ќе се одржи во недела , на 4 октомври на Плоштадот Филип II во Скопје.

Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Во прошетката може да учествуваат сите граѓани на земјава. Веќе е најавено и организирано учество на поддржувачи на Борка од градовите: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Македонски Брод и Тетово. По прошетката ќе следи музички хепенинг.

Седмата традиционална Кампања за борба против рак на дојка се прави во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија.