#СедиСиДома и изработи постер за климатските промени

Секторот за проекти за климатски промени во УНДП објави конкурс за изработка на постер.

Целта е на креативен начин, младите да повикаат #КлиматскаАкција со што ќе станат потенцијални добитници на бесплатен онлајн курс за надоградба на своите вештини и знаења.

Конкурсот се спроведува како дел од официјалната кампања „Климата се менува, зошто не и ти“.

„Право на учество имаат сите млади лица на возраст до 30 години, или сите кои се чувстуваат така. Потребно е да се изработи минимум еден постер којшто ќе повика на #KлиматскаAкција. При тоа секој постер треба да го содржи соодветниот хаштаг и/или официјалниот слоган „Климата се менува, зошто не и ти“, се вели во конкурсот.

Сите креативни решенија треба да се испратат на е-адресата klimatskipromenimk@gmail.com најдоцна до 23.04.2020 17:00 часот.

Сите пристигнати постери ќе бидат објавени на 24.02.2020 на официјалната Фејсбук страница на организаторот.

„Правилата за гласање се едноставни – трите постери со најголем број на лајкови ќе бидат добитници на еден месец платено онлајн учење во износ од 50 УСД, за кој било избран курс од платформата Coursera. Секој постер којшто ќе земе учество во конкурсот, понатаму ќе стане потенцијален промотивен материјал за потребите на кампањата „Климата се менува, зошто не и ти“, информираат организаторите.

„Сега повеќе од кога било важно е да останеме дома за нашето здравје и здравјето на сите околу нас! Да го претвориме предизвикот во можност, да се едуцираме за климатските промени“, стои во конкурсот.