Седиштето на „Штази“ претворено во засолниште за бегалци

Поранешното седиште на службата за разузнавање на Министерството за државна безбедност во Берлин, познато како „Штази“ е претворено во засолниште за бегалци кои бараат азил. Во зградата досега се сместиле 500 луѓе, претежно од Ирак, Авганистан и Сирија, а се очекува во иднина да се сместат до 900 бегалци.

„Собите конечно ќе можат да се искористат за нешто значајно“, изјави портпаролот на Црвен Крст Ruediger Kunz.

Во секоја канцеларија ќе можат да спијат најмногу шест лица се додека азилантите не добијат постојана локација.

Зградата порано била седиште на познатиот агент Маркус Волф, кој за време на тајната служба имал повеќе од 4000 акции на шпионажа за време на неговиот мандат од 1958 до 1987 година, инфилтрирајќи голем број на „кртови“ во западногерманската владина администрација.

Германските власти се обидуваат да најдат сместување за еден милион азиланти, кои се очекуваат да пристигнат во државата до крајот на годината. Претходно, повеќе седишта на Нацистите беа претворени во засолништа за бегалците.