Седиштето на ЕУ е изградено од мигранти без документи, тврдат работници

ЕУ е засрамена поради тврдењата дека нејзиното ново седиште, познато како зградата Вселенското јајце (Space Egg), е изградено со помош на работници мигранти, без документи, но и без плата. Зградата на Европскиот совет во Брисел, која содржи структура на стакло од овална форма, беше отворена во 2016 година, а чинеше 300 милиони фунти.

На нејзиното отворање, се истакна дека таа го симболизира сето она што е најдобро за унијата. Но,  официјалните претставници на ЕУ сега се соочуваат со тврдењата од белгискиот весник „Де Стандард“ за лошата деловната практика на подизведувачите кои работеле на овој проект, пренесува „Гардијан“.

Еден од соработниците, познат под името „Group Diamond Services“, кој прогласи банкрот во 2015 година, беше под истрага по обинувања од бугарски работници, јавува весникот. Тие тврдат дека не земале плата.

Истрагата беше затворена во октомври поради недоволно доказ, но „Де Стандард“ откри дека досието било изгубено од обвинителите во еден момент, во текот на четирите години од почетокот на истрагата.

Весникот пренесува интервјуа со некои од работницит кои велат дека дел од тимот немале белгиски документи за престој, немало склучени договори, ниту осигурување.

Главните компании, кои го добија тендерот за изградба на зградата, за „Де Стандард“ велат дека не биле свесни за какво било експлоатирање на работниците од страна на подизведувачите.

Советот на Европската унија е контактиран за коментар. Претставник на ЕУ, кој работи за Советот, вели дека белгиската држава е главниот изведувач на зградата.

„Сите договори за градење и одржување преземени директно од Советот се во согласност со белгиското законодавство за труд“, тврди тој.