#СедиДомаСоФилхармонија: Филхармонијата започна да емитува дел од симфониските концерти

Дел од симфониските концерти на Филхармонијата, ќе бидат достапни на социјалните мрежи.

Во соопштение до јавноста, во неделата, Филхармонијата на С. Македонија соопшти дека  ќе започне да емитува дел од своите симфониски концерти на социјалните мрежи, кои можат да се најдат и на јутјуб каналот, некои од нив реализирани во соработка со Македонската радио-телевизија.

„Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна, и се надеваме убава варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и секако, гостите – диригенти и солисти“, пишува во соопштението на Филхармонијата.

Првi од концертите достапни за граѓаните се „Моќта на Заратустра“ и „Така зборуваше Заратустра“ на Рихард Штраус, под водство на маестро Антони Вит.

Ние веруваме дека музиката може да го спаси светот, порачаа од Филхармонијата.