„Седи, сега“ – вселенска слушачка промоција на првиот албум на бендот „Стој, после“

Бендот „Стој, после“ ќе го промовира својот прв албум насловен „Умре ти, се родив  јас“ на 6 април, среда, во Планетариумот во Младинскиот културен центар.

Со почеток во 20 часот, во планетариумот, бендот ве повикува на „слушање музика и гледање ѕвезди“.

„Влезот е бесплатен, а поради придржување кон ковид протоколите, влезот е ограничен на триесеттина посетители“, велат организаторите.

Сите заинтересирани, треба претходно да го подигнат својот бесплатен билет од билетарата на МКЦ.

Постерот за настанот е изработен од Ангела Грозданов.