„Second hand bazaar“ – хуманитарно за Јоце

На 25 ноември од 17 до 21 часот во училиштето за кинески јазик „Ни Хао“ во Карпош 4 ќе се одржува „Second hand bazaar“ – хуманитарен базар за лекувањето на Јоце во Русија.

„Одбери си за себе или подари некому омилено парче облека, нова и зачувана по цена од 50 до 400 денари и донирај за лекувањето на Јоце во Русија. Во пријатна дружба и топла атмосфера можете да се напиете и кафенце или чајче и исто така да донирате. Во знак на благодарност за вашата донација ние ќе ви подариме книга. Да си поминеме едно убаво попладне во недела на 25 ноември, да си купиме по некое џемперче и да стоплиме некого во зимава што доаѓа, а и срцето на Јоце да го стоплиме бидејќи уште малку фали до самостојно одење“, стои во најавата за настанот.

Инаку, училиштето се наоѓа во Карпоѓ 4, во трите убавици, кулите на „Партизанска“ до мостот Обединети Нации до кејот, на високо приземје, терасата.