Бебе делфин почина откако беше опкружено со туристи кои сакале да се фотографираат со него на плажа во јужниот дел на Шпанија.
Тоа ја изгубило својата мајка и се заглавило во плитките води на брегот на Мохакар во Андалузија.
Туристите тогаш почнале да го допираат и да се фотографираат со животното, наместо да побараат помош.
Еквинак, локална невладина организација рече дека „себичноста“ е причината поради која делфинчето „страдало и било под стрес“.
Организацијата, која работи во полето на заштита на морскиот живот во областа напиша на својата Фејсбук страница: „Животното беше предмет на љубопитните кои сакаа да се фотографираат со него и да го допираат“.
„Овие животни се строго заштитени. Нивното вознемирување, манипулирање и вознемирување е забрането со закон, и ние секогаш бараме почит и разбирање“, додаваат тие.