Се затвора најпознатиот лондонски клуб Фабрик поради „ширење на културата на дрога“

Лондонскиот клуб Фабрик ќе биде затворен откако локалниот Совет Ајлингтон ја отповика неговата лиценца, после два смртни случаи од предозирање. Во клубот работат 250 лица, а постои од 1999 година.

Советот донесе пресуда после седумчасовен состанок минатата ноќ. Нивното образложение е дека „во клубот владее култура на дрога која менаџментот не може да ја контролира“.

Фабрик, кој е отворен од 1999 година, има право на жалба на одлуката на Советот. Ноќниот клуб го управува компанијата Night Time Industries, од каде велат дека многу е веројатно дека ќе има поплака на оваа одлука.

Затворањето на клубот ќе значи дека работното место ќе го загубат 250 лица. Против затворањето на својот омилен клуб се потпишаа 150000 луѓе, кои бараа од Советот Ајлингтон да ја продолжи лиценцата на Фабрик.

Од Night Time Industries велат дека ќе биде започнат апел за финансирање, под хаштагот Fight For Fabric.

Против затворањето на Фабрик се заземаше и новиот градоначалник на Лондон, Садик Кан, кој ги советуваше властите и полицијата да не се однесуваат „премногу цензорски“ кон користењето на дрога и ноќниот живот во главниот англиски град. Кан изјави и дека сака „решение во склад со јавната свест“ за затворањето на култните ноќни клубови како Фабрик.

Пресудата за затворањето на Фабрик е донесена откако клубот беше привремено затворен во август, после смртта на двајца 18-годишни посетители од предозирање, во рок од девет недели.

Сопствениците на Фабрик пронеле доволно докази на Совет дека претресувањето за дрога на влезната врата на клубот е дури и премногу строго.