Се затвора Факултетот за јавна администрација во Битола, никнува нов за компјутерски науки

Во време кога често се објавуваат огласи за вработување во јавната администрација, Факултетот за јавна администрација и менаџмент на информациски системи од Битола(ФАМИС) заминува во историјата, објави Радио Слободна Европа.

ФОТО: РСЕ

ФОТО: РСЕ

Од Битолскиот универзитет потврдиле дека годинава факултетот ќе згасне по шестгодишно постоење. Велат дека Владата одлучува кога некој факултет ќе престане со работа долколу на пазарот има голем наплив на дипломиран кадар.

„Како универзитет секогаш се трудиме да ги штитиме нашите интереси. Во однос на институциите кои се отвораат или затвораат на нашиот универзитет главно имаме основачи и на универзитетот и на институциите. Владата е таа што носи одлуки во согласност со нејзината политика за некои институции дали има потреба на пазарот. Ако сметаат дека многу кадри од некој профил, тогаш носи одлука тие или да мируваат или да бидат укинати“, изјави ректорот Златко Жоглев.

Ректорот појаснува дека четириесетината вработени од ФАМИС нема да останат без работа, туку ќе добијат други работни места на битолскиот универитет каде ќе се отвори нов факултет за компјутерски науки и информациска техологија, јавува Радио Слободна Европа.