Се заострува контролата на интернетот во Турција

Парламентот во Анкара го одобри заострувањето на и онака рестриктивниот закон за интернет. Властите сега можат да собираат податоци од интернет корисниците, без судски налог и полесно да блокираат интернет страници, јавува „Дојче веле“.

0,,17735673_303,00

Турскиот парламент го прифати предлогот на владејачката партија (АКП) за промена на законот за интернет. Со промена на законот турскиот телекомуникациски регулаторен орган (ТИБ) добива поголемо овластување. Имено, ТИБ може да собира информации за размена на информации на интернет без правна одлука. Во законот, покрај останатото, се внесуваат три причини со кои се олеснува блокирањето на интернет страници или нивни содржини: национална безбедност, одржување на јавен ред и спречување злосторство.

Властите задолжени за телекомуникации досега можеа да собираат податоци за користење на интернет на одделни лица само со судски налог. Одредени интернет страници можеа да бидат блокирани само кога би можела да биде загрозена приватноста на едно лице. Старата верзија на законот во сила стапи во февруари по откривањето на корупцискиот скандал на турската влада. Во новата верзија на законот се останати следните правила: интернет операторот во рок од 4 часа мора да изврши блокирање на одредени страници по наредба на властите. Властите во рок од 24 часа мораат својата одлука да ја достават до судот. Судијата во рок од 48 часа мора да изрече пресуда.

Извор: Дојче веле