Јапонскиот произведувач на играчки Бандаи повторно го пушти во употреба Тамагочи, со сите шест оригинални ликови.
Дизајнот е ист, со тоа што играчката е двојно помала од оригиналната, а сите примероци се купени во рекорден рок.
Оригиналниот Тамагочи првпат се најде на продажба во 1996 година и стекна светска слава, а кога се занемари, страсните колекционери за еден негов примерок нудеа и до 130 долари.
Сега може да се најде во продавниците во Јапонија, или да се порача преку Амазон, по цена од 13,55 долари.
Инаку, Тамагочи е џебен миленик кој треба да се храни, капе и шета, а ако заборавете на него, или недоволно се грижете за него, тој умира.
Тамагочи е изум на Аки Маита, која откако ја видела рекламата каде дете плачело бидејќи домашниот миленик не може да го земе со себе во училиште. Таа својата идеја му ја преставила на дизајнерот Акихиру Јокио, кој го концепирал Тамагочи како мал вонземјанин во мало куќиште.