Се воведува „зона на смирен сообраќај“ во Дебар маало

Дозволената брзина на возење во Дебар маало од денеска се ограничува на 30 км на час. Зоната на смирен сообраќај се граничи со бул. „Партизански одреди”, ул. „Франклин Рузвелт”, бул. „Илинден” и бул. „Св. Климент Охридски”.

Како што соопштија од Општина Центар, веќе се поставени 25 сообраќајни знаци, кои ја покажуваат максимално дозволената брзина на движење во овој реон. Од Центар, појаснуваат дека „ Зона 30″ се воведува за да се поттикне сообраќајната култура, а иницијативата е значајна по црната низа незгоди стануваат секојдневие во главниот град.

Општина Центар е прва општина во земјава која го започна спроведувањето на проектот „Зона 30“, почитувајќи ги препораките на Европската Комисија.