Се воведува нова категорија „популарен филм“ на Оскарите

Американската академија на науките и уметностите во вторникот вечерта со 54 гласови од гувернерите одлучи да воведе нова категорија на Оскарите.

Се работи за категоријата „популарен филм“, што значи ќе се наградуваат и остварувања кои можеби не поминале добро кај критичарите, но се фаворити кај публиката и во заработки во киносалите.

Со ова, се смета е отворен патот за доделување Оскар на некој од блокбастерите со херои, кои се популарни кај пошироката публика.

Исто така, Академијата соопшти дека дека преносот на доделувањето ќе биде намален на три часа, а притоа ќе се елиминираат некои од 24-те категории кои одат во живо. Со измените, дел од победниците ќе бидат соопштувани за време на рекламите, што веќе е пракса на некои други награди.