Се тресе тлото под Охрид, нов земјотрес утрово од 3,7 степени

Нов земјотрес од 3,7 степени, по Рихтер утрово во 3:54 часот ги вознемири жителите во Охрид и околината. Епицентарот бил 6 километри источно од Охрид, на длабочина од 6 километри.

Ова е уште еден во низата земјотреси кои вчера го тресеа Oхридско. Најсилниот, од 4 степени беше почуствуван вчера претпладне, во 11:39 часот. Епицентарот на овој потрес беше седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри. По него следеа уште неколку земјотреси со јачина меѓу 2 до 3 степени.

Во текот на изминативе две недели во охридското епицентрално подрачје забележани се над 800 послаби потреси.