Се сруши Азурниот прозорец на Малта

Познатиот Азурен прозорец во Малта, една од најпознатите туристички локации и глетка која се појавила во многу филмови и телевизиски серии, се сруши по природен пат.

Премиерот Џозеф Мускат изјави дека веста „му го скршила срцето“.

Истражување во 2013 година тврдеше дека иако ерозијата е неизбежна, структурата не е во директна опасност од руштење, јавува малтешки весник.

_95031066_64902cce-f110-41aa-a07d-707c75cd4f20

Популарниот свод во карпата на островот Гозо се појави во првата епизода на „Игра на тронови“, и во неколку познати филмови.

Властите неодамна воведоа казна и поставија знаци, со цел да спречат луѓето да одат по природниот споменик, но повиците биле често игнорирани.

„Извештаите кои ги добивавме во изминатите години индицираа дека овој споменик ќе биде тешко погоден од неизбешна природна корозија. Тој тажен ден дојде“, напиша на Твитер Мускат.

_95031068_wiedil-mielah

Роџер Чесел од селото Ксагра, изјавил: „Морето дивееше под прозорецот. Одеднаш, сводот падна во морето“.

Силни ветришта ја погодија Малта во вторникот, поради што траектите кои пловат до каналот Гозо ги привремено ги прекинаа своите услуги, пишуваат локалните весници.