Се собираат пари за реставрација на скафандерот на Neil Armstrong

Институтот „Smithsonian“ од Вашингтон деновиве започна кампања преку сајтот „Kickstarter“, во која се обидува да собере 500.000 долари за реставрација на оригиналниот скафандер во кој американскиот астронаут Neil Armstrong бил на Месечината.

Музејот на воздухопловството и вселенските истражувања во склоп на „Smithsonian“ во првите неколку часа од акцијата собра 120.000 долари, a за еден ден, сумата стигна до 169.000 долари. Рокот за собирање на вкупната сума истекува на 19 август.

Се собираат пари за реставрација на скафандерот на Neil Armstrong

Акцијата е започната на годишнината од стапнувањето на Armstrong на Месечината. Тој на 20 јули 1969 година поминал два часа и дваесет минути на површината на земјиниот природен сателит, по што се вратил на вселенскиот брод „Аполо 11“.

Ова е првпат институтот „Smithsonian“, кој главно се финансира од приватни донации, да собира пари за еден свој проект на ваков начин.