Се родија Изабела и Виктор, првите лавчиња од епрувета

Во резерват зa проучување и зачувување на дивиот свет „Укутула“ во Јужноафриканската Република се родија првите лавчиња чија мајка беше вештачки оплодена.

Тој потег го изведоа научници од Универзитетот во Преторија, а двете младенчиња, кои дојдоа на свет пред една недела, се во добра здравствена состојба.

Како што се наведува, научниците се надеваат дека оваа метода ќе овозможи опстанок на загрозените видови мачки, како што се тигрите, снежниот леопард и либерискиот рис.

„Тие се во секој поглед совршени младенчиња. Среќни се, здрави и разиграни, а ние сме пресреќни“, изјави сопственикот на резерватот, Вили Џејкобс.

На малите лавчиња им се дадени имињата Изабела и Виктор, по раководителот на проектот, Изабела Калеалта, и нејзиниот свршеник.