За првпат по неколку децении, ќе се реконструираат сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк. Како што соопштија од Град Скопје, обновата на мостовите почна денеска и ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, како и премачкување на металните површини со боја за заштита од корозија. Исто така ќе бидат поставени рампи за велосипедисти и лица со посебни потреби.
Активностите за обнова на мостовите се очекува да завршат за два месеца. Реконструкцијата ја изведуваат екипите на Град Скопје, а донатор е Халкбанк.