Се разделија Кермит и Гица од Мапет шоу

Жабата Кермит и Гица Прасица раскинаа. Сепак, познатата тв серија Мапет шоу продолжува.

Парот ја објави одлуката за разделување на настан на ABC во вторникот, по што постираа посебни изјави на нивните твитер профили.

„По внимателно размислување, внимателно разгледување и значителни надвикувања, донесовме тешка одлука да се прекине нашата романтична врска“, се вели во изјавата.

„Луѓето се менуваат. Истото им се случува и на жабите и свињите…Бевме заедно многу долго време, и работата е лична“, рече Кермит кој откри и дека започнал нова врска со друга свиња, која се вика Денис и работи во маркетинг одделот на ABC.

Медиумскиот перформанс на ликовите од Мапет Шоу доаѓа токму пред најавата за нова сезона на познатата тв серија која ќе започне со емиттување во септември.

Според режисерите на серијата, „целта е да се биде ист но и поинаков”.

„Тоа е она што ние се обидуваме да го направиме, да бидеме блиски до оригиналниот Мапет Шоу, но во исто време, да се направи нешто што е современо и работи на телевизија сега”, вели Бил Пради, еден од извршните продуценти.

„Вашите деца, секој кој не ги видел Мапетс во минатото, ќе видат еден нов свет, но и сите кои израснаа со нив ќе може да ја почувствуваат носталгијата и истовремено да бидат воодушевени од новиот начин на кој се прави претставата”, додаде продуцентот Боб Кушнел.

Извор: telegraph.co.uk