Се поставува триметарска жичена ограда кај Табановце, заглавените бегалци протестираат

Од вчера изутрина, околу Транзитниот центар Табановце почна да се поставуваат бетонски столбови за нова жичена ограда, висока три метри. Ова предизвика револт меѓу бегалците и економските мигранти, кои со денови се заглавени на граничниот премин и поради тоа, денеска почнаа протест со глад.

На терен со нив се и волонтерите на невладината „Легис“, кои велат дека бегалците веќе некое време извикуваат „Отворете ги границите“.

Фото: Телма

Фото: Телма

Во меѓувреме, оградата ја поставуваат тимови на Армијата на Република Македонија, со цел да се зголеми безбедноста на мигрантите и на локалното население, а воедно и да се спречат нелегалните влегувања и излегувања од кампот. Надлежните инфомираат дека со новата жичена ограда ќе се обнови веќе постоечката заштитна ограда.

Во транзитниот центар Табановце има вкупно 933 мигранти, а на граничната линија на македонско-српската граница во шатори престојуваат 362.